Денеска времето во Македонија и натаму ќе биде претежно облачно и свежо, на повеќе места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно и нестабилно, повремено со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 25 степени.
Потоа до крајот на неделава ќе се задржи нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.
Подготви: Славчо Попоски