Детална метео анализа: Циклонот ЈАКОБ полека ќе ја напушта Македонија

by fokus

Циклонот ЈАКОБ кај нас ќе влијае на времето уште денес па така до крајот на денов ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. На повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен ветер, најпрвин од јужен и југозападен, а потоа од западен и од северозападен правец. Ветерот на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има и повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најпрвин од јужен и југозападен, а потоа од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме стабилизација на временската состојба. Времето ќе биде сончево со мала до умерена, повремено и со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Наутро ќе биде постудено и тоа особено утре кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени. Максималните пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Во текот на ноќта недела кон понеделник на запад се очекуваат нови повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат од снег.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости