По врнежите од дожд која ја зафатија Македонија, наврнато количество на воден талог во л/м2 низ државава досега е: Гевгелија 14, Битола 10, Претор 8, Лазарополе 7, Пожаране 6, Скопје – Петровец и Прилеп 4. Што се однесува пак до времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено претпладнево има услови и за слаби локални врнежи од дожд.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Поради потоплата воздушна маса од југ највисоки температури на воздухот ќе имаме во петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.
Исто така утре ќе имаме сончево време со умерена локална облачност додека доцна попладне и навечер од запад облачноста ќе започне да се зголемува.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност и тоа особено во утринските часови.
Во четврток на запад ќе има повремени врнежи од дожд од локален карактер кој во текот на ноќта кон петок ќе се прошири на повеќе места и ќе се интензивира, не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.
Со овој бран на врнежи ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.