Најмалку две жртви и над 150 повредени во земјотресот во Албанија

by fokus

Најмалку две жртви и над 150 повредени по силниот земјотрес кој утринава ја погоди Албанија. Според албанските медиуми настрадал маж на возраст од 32 години, во Курбин, кој во обид да се спасили скокнал од балкон од поголема висина и починал.

Првата жртва беше повозрасна жена во Туман, кај Фуш Круја, која живеела во стамбена зграда која е целосно урната. На самото место се уште се расчистува, а во меѓувреме спасени се две деце.

Дел од медумите јавуваат за трета жртва, но информацијата не е потврдена.

Според министерката за здравство, Огета Манастирлиу, повредени се 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околиите Драч,Тирана и Лежа.

Инаку, по силниот земјотрес во 3:56 со јачина од 6,4 степени според Рихтер, речиси со идентична јачина, 6,3 степени.

Поврзани новости