До крајот на денов, како и за време на викендот ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време. Ќе има појава и на мала до умерена локална облачност а само локално ќе има услови за сосема ретка појава на попладневен краткотраен дожд, особено на планинските места. Исто така за време на викендот ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец, истиот повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени. За време на викендот истите ќе бидат уште повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Денес максималната дневна температура ќе се искачи до околу 18 степени додека за време на викендот до околу 22 степени.
Од самиот почеток на следната недела во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и услови за појава на грмежи, сепак и покрај ова останува релативно топлото време.
Подготви: Славчо Попоски