Денес од Медитеранот над нашата држава ќе помине еден поизразен влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). Локално ќе има услови и за нестабилна облачност проследена со пообилен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Со ова поголем дел од нашата држава влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА додека југоистокот ќе навлезе дури и во ПОРТОКАЛОВА ФАЗА на ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ поради очекуваните врнежи. Иако се мали сепак не се исклучуваат условите за локални помали поплавувања што е нормално за наврнат позначителен воден талог за релативно кратко време. На високите планини ќе има услови и за врнежи од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе биде со посилен интензитет.
Потоа во четврток ќе имаме претежно стабилен и сув ден со сончеви периоди иако во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста а на исток има услови за слаб локален дожд. Навечер и во текот на ноќта кон петок повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во источната половина од државава. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени што значи наутро и во ноќните часови ќе биде релативно студено, на високите и планински места температурите на воздухот ќе бидат уште пониски.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 денес додека утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а потоа ќе бележат тенденција барем засега на повторен незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот повторно од 9 до 17 степени.
Подготви: Славчо Попоски