(ВИДЕО) Македонија испиша историја: Николов донесе победа против Израел!

by Fokus

Репрезентацијата на Македонија вечерва триумфираше над Израел со минимален резултат 1-0, со што заврши на третото место во квалификацискиот циклус за ЕП 2020 година.

Екипата на Игор Ангеловски беше подобар противник во целиот натпревар, а одлучувачкиот момент се случи во самата завршница на првото полувреме, кога стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов.

Избраниците на Мрме го обезедија третото место во Г-групата од квалификациите за ЕУРО 2020, што претставува најдобар пласман на македонската А-селекција во еден квалификациски циклус од осамостојувањето до денес.

Во прилог на македонските фудбалери оди и победата (3:2) на Полска вечерва на домашен терен над Словенија, резултат по кој Словенците паднаа на четвртата позиција.

Пласман на ЕП обезбедија двете првопласирани селекции, Полска и Австрија. Израел заврши на петтата позиција, додека последна е Летонија со само три бода освоени вечерва на мечот со Австрија.

Поврзани новости