ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Најнови информации околу циклонот ЛУКА

by fokus

За време на овој викенд како што веќе најавивме, нашата држава ќе подпадне под влијание на циклонот ЛУКА кој ќе услови поинтензивен бран на врнежи од дожд. Денеска врнежите ќе ги имаме претежно во попладневните и во вечерните часови и тоа претежно во западните предели, утре истите ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Локално не се исклучува можноста и за појава на грмежи како и за ретка појава на град. Ќе дува умерен, до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Некаде брзината на ветерот ќе надминува 80 км/час па токму поради ова граѓаните да бидат ВНИМАТЕЛНИ.

Влијанието на Лука ќе се задржи следната недела. Температурите на воздухот овој викенд и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината, токму ова е поради изразеното југозападно воздушно струење. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15. Локално за време на овој викенд се очекува да наврне и позначително количество на воден талог (над 40 л/м2) и тоа особено во недела.

На почетокот од следната недела ветерот ќе го промени правецот во северозападен, на планините ќе има повремени врнежи од снег а провејување на слаб снег ќе има и на некои повисоки населени места (околу или малку под 1000 метри), особено од вторник додека температурите ќе берлежат тенденција на постепен пад, што значи ќе бидеме под влијание на постуден воздух од север.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости