Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Потоа во следните денови, во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Отсега гледано, поголема нестабилност и на повеќе места со врнежи и грмежи ќе има за време на викендот. Максималните дневни температури во текот на следните неколку денови ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Подготви: Славчо Попоски