Детална анализа на времето за периодот пред нас

by Fokus

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Утре ќе настапи брза промена на времето, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието и на истокот. Потоа од четврток времето ќе биде претежно стабилно додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости