До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и релативно топло. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 20 степени. И утре ќе се задржи претежно стабилно, суво и топло време, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во недела ќе имаме зголемување на облачноста и особено попладне и навечер, на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд. Ќе има услови и за поретка појава на грмежи, а ветерот од северен правец ќе започне да се засилува, односно особено на север и Долж Повардарието повремено ќе биде и СИЛЕН.
Од понеделник температурите на воздухот ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (за околу 10 степени, а понекаде и за повеќе). Токму поради ова на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег но ќе бидат послаби и локални. Услови за послабо провејување на снег ќе има понекаде и на пониските места.
Напомена: Брзата и ГОЛЕМА промена на времето МНОГУ НЕПОВОЛНО ќе влијае, особено врз метеопатите каде се можни и поголеми здравствени проблеми.
Подготви: Славчо Попоски