Британскиот актер Идрис Елба откри детали од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, каде што тој беше задолжен за пуштање на музиката.
Свадбата на Меган Маркл и принцот Хари беше една од оние на кои беа насочени погледите на речиси целиот свет, но малкумина имаа можност да бидат сведоци на она што се случуваше зад камерите, особено на приватната прослава во 2018 година.
Меѓу нив беше и актерот Идрис Елба, кој токму сега откри неколку интересни детали, а според него Меган дала се на подиумот. Така барем тврди Идрис, кој откри како било на бурната забава и што се случувало зад камерите до доцна во ноќта.
Принцот Хари конкретно побара од него да биде ди-џеј на приемот во Фрогмор Хаус, каде што се одржа забавата. Воедно изјави дека Меган најмногу уживала и се опуштила.
„Мислам дека Меган беше таа што навистина се опушти. Знаете, таа беше главна, дива, многу се забавуваше. Тоа беше нејзината свадба, па затоа и најдобро се забавуваше”, изјави актерот за ЕТ Канада.
Идрис го запознал Хари само неколкупати пред венчавката, а претходно на познатата ТВ водителка Елен Деџенерис и признал дека мислел дека се шегува кога го замолил да биде ди-џеј.
„Тоа беше неверојатно искуство, вечерва ја подготвував музиката за вас. Чувствував голем притисок, но беше одлично”, изјави тогаш тој.
Меѓу познатите гости на приватната забава беа Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, Амал и Џорџ Клуни, Сер Елтон Џон, Џос Стоун и други.