Денес времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец.
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа во следните денови ќе продолжи стабилното, суво и сончево време со мала локална облачност.
Повеќе облачност ќе има во петок и сабота, во петок ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Минималните температури понатаму ќе бидат пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, во Беровскиот регион истите се очекува да бидат малку пониски. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Подготви: Славчо Попоски