414
Вработениот во кабинетот на министерот Оливер Спасовски, кој денеска беше уапсен, Драган С. до неодамна беше во тесна трка за прв човек на СВР Скопје.
Како што дознава „Фокус“ од свои извори, уапсениот Драган С. во изминатиот период му бил советник на министерот, а претходно целеше на директорската позиција во СВР Скопје.
Од МВР не соопштуваат многу детали за апсењето, бидејќи единствено посочуваат дека по налог на Основното јавно обвинителство вработен во кабинетот на министерот бил лишен од слобода под сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.
Неофицијално се шпекулира дека советникот бил упасен за мито.
В.В.