652
Половина од мојата плата ја ставам на располагање за формирање на солидарен фонд за помош на домашните фирми за да ги ублажат последиците од оваа криза, напиша на својот фејсбук-профил Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.
Денес, сакам и јас да го дадам својот личен граѓански придонес во рамки на #ПридонесиИти. Половина од мојата плата ја ставам на располагање за формирање на солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред се микро и мали, за да ги ублажат последиците од оваа криза.
Апелирам до други поединци и мои колеги кои се надевам ќе се приклучат со придонес во рамки на своите можности кон оваа или други иницијативи“, напиша Деспотовски.