569
На основачкото собрание на новата политичка партија ГДУ, Граѓанско Демократска Унија, гости беа хрватската ултранционалистка и претседателка на Хрватската конзервативна партија, Ружа Томашиќ, преку која влезе и во Европскиот парламент како пратеничка од Хрватска.
-Мислам дека ќе ви помогнеме што поскоро да влезете во Европската унија. Драго ми е што тука гледам млади луѓе. Не доаѓајте во Германија, Ирска, Канада, Америка, останете во Македонија и борете се за својата иднина. Не дозволувајте овие политички фосили да ја уништат вашата иднина – порача таа.
Томашиќ предизвика меѓународен скандал во 2013 година кога по повод 23-годишнината од ХДЗ изјави дека Хрватска е за Хрвати, а дека сите останати се гости.