За лидер на новата партија „Граѓанско Демократска Унија“ е избран екс претседателот на „Македонско-бугарско пријателство“

by fokus

Со основачко собрание денеска во хотел „Мериот“ во Скопје беше формирана нова партија на македонската политичка сцена која го носи името „Граѓанско Демократска унија“ или ГДУ. За лидер на новоформираната партија е избран Петар Колев, поранешен претседател на „Македонско-бугарско пријателство“, кој во ноември минатата година си поднесе оставка.

-Подготвен сум и ќе ја вложам целата моја енергија, познавање и визија за ГДУ да се изгради во силен, деморкатски, политички субјект, кој ќе претставува алтернатива на оној систем кој повеќе од четврт век не може да се справи со предизвиците пред нашата татковина – изјави Колев.

На основачкото собрание беше порачано дека новата партија ќе делува во рамки на политичката десница, блиску до центарот. ГДУ ќе инсистира на промена на постојниот изборен модел со пропорционален модел со отворени листи, при што државата ќе претставува една изборна единица.

Поврзани новости