468
Професорката на Правниот факултет Рената Десковска е предложена од СДСМ за потпретседател на Собранието. Ова следува откако опозицијата реши да се врати во парлементот и да учествува во неговата работа.
Горан Мисовски е предложен за претседател на комисијата за следење на прислужувањето, додека Хари Локвенец на комисијата за надзор на УБК. Овие места беа испразнети оти и следуваа на опозицијата која една година не присуствуваше во парламентот.
Седницата за избор на кадрите на опозицијата за функциите во парламентот е закажана за утре.