Десковска: Непотребно се создава атмосфера дека има нешто затскриено во Законот за СЈО

by fokus

На многуте реакции во јавноста, особено по најавите дека практично на извесен начин завршува мандатот на СЈО и се претопува во Јавното Обвинителство што би значело минирање на процесот на разоткривање на бомбите, министерката Рената Десковска со став дека овој закон дава живот на Специјалното јавно обвинителство.

-Според постојниот закон за СЈО, мандатот на јавната обвинителка треба да заврши во септември, а јавното обвинителство за година дена требаше да згасне. Мора да водиме сметка дека во постојниот закон, освен јавната обвинителка, никој друг н еможе да преземе или да потпишува дејствија во свое име, туку сите преземаат дејства во име на специјалниот јавен обвинител, така што ако не се обезбеди продолжување на Специјалното јавно обвинителство како траен орган во системот на јавното обвинителство тој практично од 15 септември оваа година ќе беше мртов орган. Мислам дека непотребно се создава една атмосфера дека било што има затскриено во законот кое што може да создаде проблем, напротив сметам дека овој закон кој што го пративме во Собранието, ако се донесе во оваа форма, без било какви амандмани кои што би ја нарушиле конзистентноста на текстот и јасноста на одредбите за одредени постапки кои што веќе постојат во СЈО јас би била многу среќна, изјави Десковска во вечерашното гостување на 1ТВ.

 

Поврзани новости