Дескоска за „Фокус“: Униформирано лице не може да раководи со МВР

by fokus
Министерката за правда, Рената Дескоска во изјава за Фокус вели дека секое униформирано лице значи дека не е цивилно лице, и според тоа не може да раководи со МВР и Министерството за одбрана.
-Уставот е јасен, лицето кое ќе раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот. Во членот 2 од Законот за полиција се прави разлика меѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата. Значи, униформираните вработени во МВР не можат да бидат избирани за министри во овие две министерства. Другите кои не се униформирани лица, а се вработени во МВР имаат статус на цивилни лица. Согласно моите информации Чафков не бил дел од униформираната полиција три години пред изборот за министер, но тоа е добро да си го потврдите во МВР, вели Дескоска.
Чавков пред да биде избран за министер беше на позициите началник на централните полициски служби на БЈБ, а потоа и директор на БЈБ.

 

Поврзани новости