544
Министерката за правда, Рената Дескоска, запрашана за препораките на Венецијанската комисија, таа верува дека истите ќе се почитуваат.
„Вие не можете ништо да смените во Собранието без двотретинско мнозинство и верувам дека сите ќе бидат свесни за потребата од ефикасна правда во државата. Сметам дека нема да се инсистира на одредени решенија со цел да се ослободат одредени обвинети за кои се водат постапки од СЈО“, истакна Дескоска.