Ветингот не е можен пред избори, вели Дескоска

by fokus

За да се спроведе ветинг на судии и јавни обвинители потребно е двотретинско мнозинство, а дебатата за тоа мнозинство не може да се заврши пред изборите, вели министерката за правда Рената Дескоска.

„Мора да бидеме свесни дека за да се спроведе процесот на ветинг потребно е двотретинско мнозинство, а тоа мнозинство, тој процес и дебата не може да се заврши пред изборите, тоа е реалност“, вели Дескоска.

Таа вели дека и е драго што се јакне свеста и се отвора дебата и во самите правосудни институции дека се потребни корекции во нивното работење. Министерката вели дека се разгледуваат повеќе опции, ветинг кој би го спровела заедничка комисија која ќе истражува повеќе аспекти или може да се врши преку повеќе постојни институции, но тоа сепак ќе биде процес кој ќе се утврдува со двотретинско мнозинство.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски пак вели дека за ветингот не е проблем само малиот број на јавните обвинители, туку и тоа што самостојноста на јавното обвинителство е загарантирана со Устав.

„При овој процес треба да се внимава да не биде прекршен Уставот и законите доколку се спроведува таа акција“, вели Колевски. Тој вели дека Јавниот обвинител во секој момент можеда нареди вонредна контрола врз работењето на јавните обвинители, покрај редовната која се спроведува два пати годишно.

Поврзани новости