Дескоска: Сите политичари да помогнат за мнозинство за законот за СЈО

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска апелираше кон сите политичари, да се помогне за обезбедување на мнозинство за законот за СЈО.

„Влезени сме во сериозен процес на реформи, кои треба да содржат подлога за независно судство. Ни останува уште законот за ЈО, и за Совет на јавни обвинители. Правиме се да овозможиме соодветна работна основа за работа на судиите. Оваа година ќе видите дека најголем дел од буџетот е префлен на Буџетски совет. Беа одобрени вработувања во судовите, но, некои запреа заради изборниот период. Вчера имавме средба со сите пратенички групи во Собрание, разговаравме и со ВМРО-ДПМНЕ и нивните амандмани. Опозицијата треба да направи консултации. Се одржа средба на која разговаравме и слушнавме одредени ставови. Нема потреба да брзаме. Апелирам, сите политичари да помогнат за обезбедување двотретинско мнозинство за закон кој е значаен за интеграциите на нашата држава“, рече Дескоска.

Поврзани новости