Дескоска: Не можам да одговорам дали Груевски ќе лежи во затвор

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека во унгарските закони постои основ за повлекување на одобрениот азил и ги негира тврдењата на Унгарија дека барањето за екстрадиција е напразно поднесено.

Според Дескоска барањето за екстрадиција не е задоцнето, затоа што во секоја земја, вели таа, кога има паралелно барање за азил, прво се разгледува барањето за азил.

-Не можам да одговорам дали Груевски ќе лежи затвор или не, можам само да кажам дека ние како Влада ќе направиме напор да го вратиме. Ако се оди по правна процедура тој треба да биде екстрадиран. Владата ќе побара повлекување на одлуката за азил, затоа што нема причина да му биде одобрен азил. Должни сме да ги направиме сите напори и да ги искористиме сите правни средства. Товарот ќе остане на Унгарија – изјави Дескоска во вечерашното интервју на ТВ24.

Како што рече таа образложението да му се додели азил на Груевски поради состојбата во затворите и судството не е издржана. Според неа само во 2017 година Унгарија одговорила позитивно на 5 барања за екстрадиција од Македонија.

-Очигледно дека Груевски не го направил ова сам, чекорите преземени од страна на Унгарија се во координација со него. Очигледно политички се мотивите Унгарија да влезе во процесот, да даде азил и да го заштити – додаде таа.

Поврзани новости