Министерката за правда Рената Дескоска денеска заедно чистеше со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, како и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.
Таа на Здравев му ја предаде „златната метла“ која пред неколку месеци некој ја остави пред Министерството за правда, со порака дека сега треба да се „подзачисти“ во Судскиот совет.
-„Златната метла“ што некој ја остави пред неколку месеци пред Министерството за правда денеска му ја предадов на претседателот на Судскиот совет. По завршување на законската рамка за судовите, сега тежиштето е на Судскиот совет. Метлата е на вистинската адреса…. напиша министерката Дескоска на фејсбук.
Здравев, пак, метлата ја предаде на претседателот на Кривичниот суд, Џолев.
*Фотографиите се објавени на фејсбук профилот на министерката