Дескоска: Јас во Театар Комедија, а Милошоски пишува комично писмо до амбасадорот Жбогар

by fokus

Министерката за правда Рената Дескоска го искоментира потегот на пратеникот Антонио Милошоски да му напише писмо на амбасадорот Самуел Жбогар, во кое се жали дека власта се обидува да инсталира политички подобни судии и обвинители.

-Јас вечерва во Театар Комедија, а Милошоски пишува комично писмо до амбасадорот Жбогар. Критикува решенија од Законот за Академија на судии и обвинители кои постојат и во сегашниот закон, донесен во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за кои самиот гласал. Ама сигурно не се сеќава! Тие беа гласачка машинерија во Собранието која веројатно не ги ни читаше законите кои ги гласаа. Како беше она “горди послушници”?! Вистинска #комендија, наспроти убавата #комедија вечерва во театарот!, напиша министерката Дескоска на фејсбук.

Поврзани новости