Под мотото „Доста е!“, здравствените работници денес на протест

by fokus

Под мотото, „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“, лекарите и другиот здравствен персонал денеска ќе протестират откако во изминатите недели се случија неколку напади врз лекари и медицински сестри во повеќе здравствени установи во Македонија.

Протестот ќе биде на повеќе локации: Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8ми Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот кој е предвиден за пауза од 11 до 11.30 часот.

-Ова е „жолт картон“, ако не се промени нешто и не се подобрат условите во кои работиме, а работиме во субстандардни услови, ние уште под закана од тупаници да носиме одлуки за нечиј живот, тоа го нема никаде. Затоа реагираме дека сме мета на определени општествени структури кои револтот го насочуваат кон здравствениот персонал. Ние немаме спонзори, ова е од ентузијазам, со цел да се подобри статусот на здравствениот персонал. Ние сме волонтерско здружение, кое има желба за подобро нешто“, велат од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Поврзани новости