Дескоска: Амнестија за криминал нема да има, парите излевани преку оф шор компании ќе ги вратиме назад

by Фокус

Амнестија за криминал нема да има. Секој што го прекршил законот ќе одговара, а парите коишто со години се излевани од државата преку оф шор кмпании ќе ги вратиме назад кон граѓаните, истакна Рената Дескоска, пратеничка од СДСМ на трибината во Штип.

– По демократските промени ќе се почитува владеењето на правото и законите ќе важат за сите подеднакво – тврди Дескоска.

Оливер Спасовски, пак вели дека започнуваат промените во Македонија и дека се чувствува нова енергија, нова надеж за сите граѓани коишто сакаат подобар живот и повисок стандард.

– Фокусот во Програмата на СДСМ е отворањето на нови работни места со достоинствени, повисоки плати. Затоа, ќе обезбедиме 140 милиони евра, неповратна државна помош за домашните мали и средни претпријатија, коишто ќе креираат нови работни места. Но, не било какви работни места, туку достоинствени работни места со повисоки плати и загарантирани работнички права. Завршува времето на експлоатацијата на работниците во Македонија. Минималната плата ќе ја зголемиме на 15 илјади денари а просечната ќе достигне до над 29 илјади денари – рече Спасовски.

 

Поврзани новости