Десетпати било предупредувано дека материјалот на пристаништето во Бејрут е исклучително опасен

by Fokus

Најмалку десетпати во последните шест години, либанските царински, воени, безбедносни и судски официјални лица предупредувале на големите количини на експлозивни хемикалии кои се наоѓале на пристаништето во Бејрут.

Полковникот Џозеф Скаф, царински службеник од висок ранг, напишал во одделението за борба против криумчарење во царинската управа, дека материјалот кој се уште е на бродот е „исклучително опасен и ја загрозува безбедноста на јавноста“.

Страшната експлозија која се случи во вторникот во либанскиот главен град Бејрут однесе 154 жртви, а преку 5.000 лица се повредени. Овој настан го шокираше цел свет, а видео снимки од моментот на експлозијата не престануваат да кружат по социјалните мрежи.

Поврзани новости