Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска, Ирина Камиловска, Лејла Рамковска, Ем Вандера Блажеска, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска, Христина Накевска, Фросина Ангеловска, Ивана Хаџиванова и многу други жени од јавната сцена во земјава се дел од новиот проект на Сара Мејс.
Станува збор за песната ,,Хероина” за која е снимен и видео запис. Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс, аранжманот и музичката продукција се на Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска.
-Видео записот во целост ја доловува целата приказна, благодарение на сите хероини кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат.
Во песната е опеана самодовербата, силата, упорноста и борбеноста на жените во секое поле, односно нивната величенственост.
„Хероина“ е одраз на силна жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која непрекинато учи како да стане, после многубројните падови што ни ги носи животот. „Хероина“ е секоја од вас, порачаа од тимот на Мејс.
Вики Клинчарова