Десетици повредени во Барселона во протести поради пресудите за католонските лидери

by fokus

Ескалираа протестите пред аеродромот во Барселона, откако Врховниот суд им пресуди долгогодишни затворски казни на 12 каталонски политички лидери.

Демонстрантите се судрија со специјални полициски единици, при што најмалку 37 луѓе се повредени, а над 100 летови се откажани.

Полицијата потврди дека користела пендреци и куршуми од пена за да ги растури стотиците демонстранти кои навлегоа во аеродромските сали. Протестите се организирани од Демократско цунами, групација која се залага за независност на Каталонија од Шпанија. Десетина полицајци биле повредени во судирите.

Поврзани новости