788
Десетина физички пресметки за еден ден се евидентирани во најновиот полициски билтен.
Според полицијата, пред зграда во Чаир 22-годишно момче било нападнато со остар предмет.
Потоа, на паркинг во Аеродром, пред кафеана, имало тепачка меѓу еден средовечен маж и двајца помлади.
Во Прилеп, пак, маж пријавил дека во близина на аптека го натепале и го ограбиле.
Исто така, тепачки имало и во Битола и Врапчиште.