Пукање на Бит-пазар, едно лице е повредено

by Фокус

Едно лице е повредено со огнено оружје вчеравечер на Бит-пазар.

Според пријавата во полиција, во близина на угостителски објект на подрачје на Бит-пазар на А.Џ.(48) од Скопје му се доближиле две лица со кои се познавал, по што едниот од нив со пиштол пукал кон него.

На А.Џ му е укажана помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, а во меѓувреме се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости