Судиите потпишани на претставката против претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски се појавија по повикот од Судскиот совет Дојдоа десетина судии од потпишаните петнаесетина, меѓу кои Васил Динковски, Александра Ристеска, Огнен Ставрев, Пајазит Пајазити, Седат Реџепагиќ, Илија Трпков. Не се појави претседателот на Кривичниот суд кој и покрај сите скандали, упорно сака уште еден мандат, Владимир Панчевски, пренесе А1он.мк.
Судскиот совет преку соопштение пред два дена ги повика судиите денеска да дојдат и да се сретнат со Комисијата на Судскиот совет надлежна за Кривичниот суд. Судиите претходно, не излагаа со изјави, туку само напишаа соопштение и претставка која ја доставија до Судскиот совет. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, тогаш изјави дека гледа само потписи, а не и имиња и презимиња на судии кои стојат зад претставката против Панчевски.
Тој, заедно со Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев кој му поднесе кривична пријава, се кандидати за нов претседател на Кривичниот суд.
ФОТО: А1 он