402
Десетина насилници нападнале три лица пред угостителски објект во Тетово, кои се здобиле со тешки телесни повреди, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 03,15 часот во Тетово на ул.„Иво Рибар Лола“ пред угостителски објект врз Д.К.(25), П.О.(18) и Е.Џ.(23), сите од Тетово, извршено е насилство од страна на десетина лица, на тој начин што физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што се здобиле со видливи повреди (крвни подливи, црвенила), додека Д.К. се здобил и со расекотина на устата и расекотина на левата аркада.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.