485
Попладнево се случи експлозија во метрото во Санкт Петербург во Русија во која загинаа десет луѓе, а 12 се повредени, соопштија руските власта.
Властите велат дека се уште е рано да се каже дали станува збор за терористички напад, а претседателот Владимир Путин изјави дека се истражуваат сите можни опции, вклучувајќи несреќен случај, криминален акт или тероризам.
Уште една бомба била најдена на градскиот плоштад, но полицијата ја деактивирала. Досега никој не презеде одговорност.