Десет лица се повредени во сообраќајки во Скопје

by Fokus

Едно лице е тешко повредено, а уште девет се здобиле со телесни и полесни повреди, во пет од шесте сообраќајки изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

За една сообраќајна незгода е регистрирана материјална штета. Сообраќајната полиција санкционирала дванаесет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила 12 возачи од кои десет пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.

Исклучени се од сообраќај десет нерегистрирани возила, а за непрописно паркирање се санкцинирани 98 возачи, додека со „пајакот“ се кренати 100 возила.

 

Поврзани новости