Компанијата го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава, а одговорните посочија дека нивна задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.
Можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, како единствен или како дополнителен извор на приход, се резултат од 10-годишната работа на компанијата Авон Македонија. Ова е само еден од врвовите од досегашното дејствување на брендот што вчера (четврток, 17 септември) во ресторанот „Везилка“, со одлична забава го одбележа деценискиот јубилеј во земјава.
Компанијата лидер во директна продажба во Македонија, покрај тоа што ѝ овозможува на својата продажна структура да изгради сопствен бизнис, исто така дејствува и во доменот на општествената одговорност. Досега има донирано повеќе од три милиони и 700 илјади денари за Борбата против ракот на дојка, а активна е и со својата филантропска кампања за борба против семејното насилство.
Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи секоја минута, и својата 10-та година ја заокружува со вкупно продадени 23 милиони производи за убавина.
Водител на настанот беше Сашко Коцев, а присутните имаа можност да погледнат танц со сенки изведен од трупа предводена од балерината Саша Ефтимова. На 10-годишнината, специјална гостинка беше и Каролина Гочева, новото заштитно лице на компанијата, која имаше настап посебно подготвен за оваа пригода.