Осудениците од затворите во Идризово и Штип најавуваат штрајк со глад

by Фокус

Осуденици во казнено-поправните домови „Штип“ и „Идризово“ денеска ги одбиле ручекот и вечерата, откако претходно голем дел од нив се потпишале дека ќе започнат штрајк со глад во овие два затвора.

Ваквиот развој на настаните следи по поднесувањето на предлог-иницијативата за измени во Законот за амнестија, поднесена од група граѓани со поддршка од семејствата на осудените лица.

– Предлогот е донесување предлог-закон за амнестија и за ослободување и за извршување на 40 отсто од изречените казни – вели Мери Николова, предлагач.

Директорот Живко Пејковски во изјава за 24вести вели дека некои од осудениците одбиле ручек. Нашите информации се дека има такви можности, да штрајкуваат со глад осудените лица во однос на поддршка за амнестија којашто ја планира некоја граѓанска иницијатива – истакна Пејковски.

Поврзани новости