692
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски денеска апелираше до граѓаните чии лични карти чекаат на шалтерите во МВР, што поскоро да си ги подигнат.
„Над 38 илјади граѓани се уште не си ги подигнале документите. Доколку не ги подигнат, нема да можат да гласаат на изборите. Овојпат и граѓаните треба да си ја исполнат својата обврска. Ние како ДИК ќе направиме максимали напори на сите да го остварат своето граѓанско право. Нема да може никој да гласа без важечки документ“, истакна Дерковски.