Дерала: Изборите беа демократски, но имавме сериозен проблем – фингерпринт апаратите и црната кампања

by Fokus

Изборите беа демократски. Но имавме сериозен проблем – фингер принт апаратите, изјави за Утрински брифинг Џабир Дерала, првиот човек на ЦИВИЛ, организација која има најдолго искуство со набљудување изборни процеси, додавајќи дека тоа беше еден скап експеримент.

-Фингерпринт апаратите го одбележаа денот. Нѐ интересира што ќе каже Даштевски за неговата претходна најава дека ДИК не може да гарантира за квалитетот на апаратите. Ние имавме проблем со обуката на избирачките избори, а неофицијално дознаваме дека проблемот бил и во системот на ДИК, вели Дерала.

Можеби не отидоа во ветар тие 11 милиони евра, но секако ќе треба да време за ситуацијата да биде доведена во ред, коментира Дерала и додава дека ДИК и нејзините органи органи имаат посветени луѓе, но сепак вчера имаше непријатни изненадувања.

-Вчера имавме многу непријатни изненадувања. Имаме извештаи дека некои изборни органи не сакаа да ги примат набљудувачите на Цивил. Имаме над 10 случаи кога избирачки одбори ги бркаа нашите набљудувачи под изговор дека не сме биле акредитирани и дури и дека нема што да бараме таму, вели Дерала.

Неговата оценка е дека изборите поминаа мирно.

-Ако видите дека порано сме имале и убиства за време на изборни процеси, невиден број луѓе на една адреса и слично, не е лошо. Политичките партии си ги бранат своите позиции. Нѐ изненади што Спасовски рече дека имало 91 помал инцидент, ние очекувавме помалку. Забележавме црна кампања, на која ние сме некако навикнати, а особено кон малкуте жени кои поминаа низ процесот и успеаа да влезат во изборната трка, додава Дерала за Утрински Брифинг.

 

Поврзани новости