Денис Прешова избран за нов шеф на Делегацијата на Македонија во ГРЕКО

by valentina 15:49
15:49

Владата, на предлог на Министерството за правда, го избра Денис Прешова за нов шеф на Делегацијата на Република Северна Македонија во ГРЕКО (Групата на држави против корупција на Советот на Европа), информира министерот за правда Игор Филков на социјалните мрежи.

​Проф. д-р Денис Прешова е вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на бројни стручни и научни трудови од областа на уставното право и политичкиот систем, а учествувал и во многу проекти и активности како експерт по уставно право.

„Со оглед на фактот што во рамките на ГРЕКО започна Шестиот круг на евалуација: ‘Спречување на корупција и промовирање на интегритет на локално ниво’ и имајќи предвид дека Република Северна Македонија веќе има најавена евалуација на оваа тема, ​проф. д-р Денис Прешова доаѓа во вистинско време на чело на националната делегација. Неговото познавање и експертиза во областа на уставното право и политичкиот систем ќе бидат клучни за успешната евалуација и одбрана на извештаите на ГРЕКО за Република Северна Македонија“, напиша Филков на Инстаграм.

Слични вести