601
Во случајот што го покрена СЈО, под кодно име „Тортура” денеска на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седнат алфите што го апсеа поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, ден по предвремените парламентарни избори во 2011 година.
Во случајот обвинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.