418
Владата на Република Македонија во петок ќе ја одржи 13-та седница.
Согласно предложениот Дневен ред, Владата ќе расправа по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година и предлог Законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија.
Покрај тоа, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за мерките коишто се однесуваат на одржливите енергетски системи кои произлегуваат од Повелбата за одржливост.