475
Рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој првообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев е закажано за денесе во Кривичниот суд. Судењето за овој „Поткуп“ се уште не е почнато, а веќе три пати се одложува.
Првото рочиште беше закажано за 25 јануари. Оттогаш, одложено е веќе три пати, два пати поради службени патувања на Заев и еднаш поради неприсуство на неговите адвокати.
Заев се товари дека побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.