Неизвесно е дали денешните парламентарни избори во Шпанија ќе доведат до излез од сегашниот политички ќор-сокак во оваа западноевропска земја, чиј парламент е еден од неколкуте кои се уште не го ратификувале протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Според анкетите на компаниите за маркетиншки и социолошки испитувања „НС Репорт“, ГАДЗ и „СигмаДос“ спроведени во понеделникот по барање на весниците „Расон“, „А Бе Се“ и „Мундо“, победници на изборите ќе бидат социјалистите, но повторно нема да располагаат со мнозинство за да состават влада.
Партијата на актуелниот шпански премиер Педро Санчес ќе загуби одредена поддршка, освојувајќи околу 120 пратенички места, додека екстремно десничарската партија „Вокс“ ќе добие моќ и ќе стане трета по големина политичка сила со околу 40 мандати во 350-члениот Долен дом.
Десноцентристичката Нароодна партија, која заедно со социјалистите доминира во политичкиот живот во Шпанија, се очекува драстично да го зголеми бројот на своите пратеници, додека либералната партија „Сиудаданос“ ќе претрпи најголем пораз на следните избори, со една третина помалку местата за разлика од април.
Инаку, токму поради предвремените избори во Шпанија распушените се двата дома – Претставничкиот и Сенатот, кои треба да го ратификуваат протоколот на земјава за членство во НАТО, поради што членството во Алијансата нема да може да се официјализира на Самитот во Лондон на почетокот во декември, туку во следната 2020 година.