Денеска разговор со Софија за билатералниот протокол?

by Fokus

Денеска е закажана онлајн средба со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за билатералниот протокол, но таа не е поврзана со рамката, и тој ќе биде потпишан кога Владата на Република Северна Македонија ќе го одобри целиот пакет, објави БНР.

Според македонските власти протоколот не е потпишан, бидејќи сѐ уште не е усогласен.

По боројните шпекулации околу  францускиот предлог  (основен или модифициран), на прашање од БНР од бугарското Министерство за надворешни работи изјавиле дека се запознаени со сите предлози на француското претседателство со Советот на ЕУ и прецизирале дека „дејствата на бугарските институции не можат да излезат надвор од рамката создадена со собраниската одлука од 24-ти јуни годинава, во врска со проширувањето на ЕУ и со преговарачкиот процес на Република Северна Македонија“.

„Во соседната земја во моментов има процедура за прифаќање на предлогот на француското претседателство, а евентуалните шпекулации за ова прашање кај нас би можеле негативно да се одразат на тамошните процеси“, изјавиле за БНР од бугарското МНР.

Поврзани новости