Фокус на денешните протести организирани од граѓанското движење „Протестирам“ ќе биде режимската бруталност, бидејќи денеска се навршува една година откако беше објавена „бомбата“ во која се слуша како владиниот врв се обидувал да го прикрие убиството на Мартин Нешкоски.
-Денес е 5 мај! Денес е една година откако слушнавме како Груевски, Јанкулоска, Мијалков и нивните соработници се обидоа да скријат убиство! Денес е една година откако полицијата насилно влезе и удри по студентите во библиотеките! Денес е 5 мај! Тие се на слобода, но ние сме на нозе!, се вели во повикот на „Протестирам“.
Освен во Скопје, денеска протести ќе има и во Охрид, 18:00, кај Чинарон, Кочани, 18:00, во Градски парк, Куманово, 18:30, пред Основниот суд во Куманово, Радовиш, 19:00, плоштад Свети Спасо Радовишки, Прилеп, 19:00, кај Камената бина, Гевгелија, 19:30, пред Пензионерскиот дом.
ФОТО: Небојша Гелевски