Денеска пресуда за Мијалков за “Тортура”

by fokus

Во Кривичниот суд денеска ќе биде изречена пресуда за случајот “Тортура”, во кој обвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неколкумина “алфи”.

Предметот го отвори поранешното СЈО, а се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011,  ден по парламентарните избори.

Обвинителството тврди дека при апсењето на Бошкоски имало мачење, односно била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на тоалет кај ресторанот „Воденица“, и  бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат.

Одбраната, пак, тврди дека обвинетите се невини, односно дека обвинителството нема докази и обвинението се темели на претпоставки.

Мијалков се наоѓа во притвор во истражниот затвор “Скопје”, а тој веќе е осуден на 12 годишна казна затвор за “Таргет и Тврдина” и 8 години затвор за “Трезор”.

Поврзани новости