Италија се пласираше во нокаут фазата на ЕП

by fokus

Италија дојде до втората победа на Европското фудбалско првенство, откако вечерва ја совлада Швајцарија на стадионот „Олимпико“ со 3-0, со што и математички обезбеди пласман во осминафиналето.

Мануел Локатели двапати ја затресе противничката мрежа, додека Чиро Имобиле во 89-та минута ги постави конечните 3-0.

Претходно, во истата група Велс ја совлада Турција со 2-0.

Поврзани новости